Старт „за затвор“ на Диаз, веројатно потешко го повреди Хакими! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Колумбискиот фудбалер на Баерн Минхен, Луис Диаз, беше главен протагонист на дуелот со ПСЖ (1-2) во Лигата на шампионите. Напаѓачот одлично го започна натпреварот и со два погодоци му донесе предност на баварскиот клуб, но потоа направи потег кој целосно го промени текот на мечот.

Диаз прво погоди во четвртата, а потоа и во 32. минута, со што Баерн изгледаше сигурно на пат кон победа.

Меѓутоа, во финишот на првиот дел Колумбиецот направи несмасен старт врз Ашраф Хакими, по што судијата по прегледувањето на ВАР-снимката му покажа директен црвен картон. Се стравува дека повредата на Хакими не е наивна, а неговата нога изгледаше навистина страшно

Можно е и ова да ти се допаѓа

×