Магазинот „Форбс“ ја објави својата годишна листа за најдобро платени фудбалери во 2025, далеку на врвот е Кристијано Роналдо, кој ќе заработи двојно повеќе од вечниот ривал Лео Меси.
По преселбата во Саудиска Арабија, на Кристијано Роналдо му нема рамен кога е во прашање заработката.
Португалецот се најде на врвот и на последната листа на магазинот „Форбс“ и тоа со огромна предност.
Се проценува дека популарниот ЦР7 во 2025 ќе заработи околу 280 милиони долари.
Неговиот вечен ривал Лео Меси ќе заработи двојни помалку, или околу 130 милиони долари.
Карим Бензема е на третото место со 104 милиони долари, додека во топ 5 има место за Килијан Мбапе со 95 милиони долари и Ерлинг Халанд со 80 милиони долари.