Пеп Гвардиола потврди дека Ерлинг Халанд ќе биде подготвен за настап на утрешниот натпревар против Барнли во рамките на шестото коло од Премиер лигата.
Тренерот на Манчестер Сити откри дека напаѓачот ќе се врати во тимот, но проблемите со повредите сè уште го мачат составот. Надвор од комбинација остануваат Рајан Аит Нури, Омар Мармуш и Рајан Черки, додека настапот на Матео Ковачиќ е неизвесен.
„Халанд е подготвен. Аит Нури, Шерки и Мармуш не се и нема да играат, а Ковачиќ е под знак прашалник“, изјави Гвардиола на прес конференцијата пред дуелот.
Сити сезоната ја започна слабо и во првите пет кола освои само седум бода, па веќе има осум бодови заостаток зад лидерот и актуелен шампион Ливерпул.