Фенербахче брзо ќе му даде отказ на наследникот на Мурињо!?

by riste
1 минути читање

Во Турција се пишува дека Доменико Тедеско е пред отказ од Фенербахче иако тимот го водеше само на неколку натпревари.

Фенербахче е во серија од три натпревари без победа, а чашата ја прели поразот од Динамо Загреб во Лига Европа.

Претходно Фенербахче ремизираше со Кашимпаша иако имаше фудбалер повеќе, а одигра нерешено и со Аланијаспор на домашен терен.

Се верува дека клучен ќе биде наредниот меч на Фенербахче кој тие го играат со Анталијаспор, доколку се случи уште еден кикс, Тедеско сигурно ќе „лета“ од работа.

Турските критичари се чудат на некои тактички потези на Тедеско кои очигледно не вродија со плод како на пример Чаглар Сојунџу играше десен бек, а Нелсон Семедо беше поместен во средината.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×