Вардар поразен од Престон Лајонс на контролниот натпревар (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Австралискиот македонски тим, Престон Лајонс го победи Вардар со 4-2 на пријателскиот натпревар кој се одигра на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје, двоен стрелец за црвено-црните беше Спахиу.

Престон Лајонс покажа повеќе на денешниот меч, нашинците од Австралија повеќе ја посакуваа победата и дојдоа до неа.

Тие го отворија резултатот во 20. минута, а 15 минути подоцна Спахиу по една одлична комбинација израмни на 1-1. Тоа беше резултат по првото полувреме.

Престон подобро влезе и во вториот дел, во 69. минута веќе имаа предност од 3-1. Спахиу десет минути подоцна даде гол од пенал намалувајќи на 3-2.

Но, Вардар не успеа да се спаси од пораз, гостите од Австралија дадоа уште еден гол до крајот за конечни 4-2.

Головите за Престон Лајонс беа дело на Конор Бел, два погодоци, и по еден на Џиан Албано и Џорџио Серденес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×