Историја: Првиот гол во ЛШ го постигна во ист месец и за ист клуб со својот татко 25 години подоцна!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на ПСВ вчера запиша изненадувачки пораз од Ројал Унион во Лигата на шампионите со 1-3, но овој натпревар ќе го памети синот на легендарниот Марк Ван Бомел, Рубен.

Имено, тој беше стрелец на единствениот гол за холандскиот гигант и така го постигна својот прв погодок во најелитното европско натпреварување.

Посебно интересно е што тоа го направи во истот месец во кој неговиот татко пред 25 години го постигна првиот гол за ПСВ во Лигата на шампионите.

Во својата кариера, Рубен Ван Бомел покрај ПСВ доега настапуваше уште за АЗ Алкмар и Мастрихт, неговиот татко се пензионираше исто така во ПСВ во 2013 година.

Фото: PSV

Можно е и ова да ти се допаѓа

×