Бразилската фудбалска репрезентација со убедливи 3-0 го совлада Чиле во квалификациски меч за Лигата на шампионите и покрај тоа што недостасуваа фудбалери како Нејмар, Винисиус, Родриго…
Бразил ноќеска се покажа во најмоќно издание откако Анчелоти го презеде кормилото.
Резултатот го отвори Естевао со гол во 38. минута од натпреварот. Со предност од 1-0 за Бразилците се заврши првото полувреме.
Во 72. минута Лукас Пакета зголеми на 2-0, само една минута откако влезе во игра.
Четири минути подоцна Бруно Гимараеш ги постави конечните 3-0 за Бразил.
Победа од 3-0 оствари и Уругвај над Перу, како и Колумбија над Боливија. Немаше голови само на мечот меѓу Парагвај и Еквадор.