Мајорка го суспендираше капитенот кој се пожали дека дете на Барса со еден тренинг добило шанса против Реал

by bojan
1 минути читање

Мајорка соопшти дека е суспендиран капитенот, Дани Родригез кој изминативе денови се најде во фокусот поради објавите на социјалните мрежи со кои ги критикуваше тренерот Јагоба Арасате и новајлијата во тимот, младиот Јан Вирхили.

Мајорка изминатиов викенд гостуваше кај Реал Мадрид, а по крајот на натпреварот, голема прашина крена една објава на капитенот Дани Родригез, кој целиот натпревар го преседе на клупата.

„Бев исполнет со среќа од помислата дека моите деца ќе го гледаат својот татко како игра на „Бернабеу“. Важна лекција и совет за нив. Никогаш не очекувај ништо од никого, особено денес, кога меритократијата, културата и почитта кон трудот речиси и да не постојат. Не прави работи за да очекуваш нешто за возврат, прави ги за себе и својата страст. Почитта и љубовта од луѓето се заслужуваат на теренот. Жртвувај се за своите соништа, дури и кога ќе ти стават камења на патот, секогаш верувај во себе. Работите се заслужуваат, не се подаруваат. А кога ќе ги заслужиш, двојно повеќе вредат“ – гласеше пораката на Дани Родригез.

Тој потоа издаде ново соопштение во кое појасни дека гневот бил насочен кон тренерот Јагоба Арасате и неговиот избор на играчи, особено го боли тоа што младиот Јан Вирхили, кој неодамна пристигна од Барселона, и со само еден тренинг се најде во тимот.

Неговиот „испад“ на социјалните мрежи не им се допадна на лидерите на Мајорка, кои решија да го суспендираат Дани Родригез, тој нема да се појавува на тренинг и нема да добива плата, а ќе остане и без капитенската лента.

ФОТО: fb/RCD Mallorca

Можно е и ова да ти се допаѓа

×