Во Њукасл се бесни: Соопштението со кое се збогуваа од Исак е хит!

by Стефан
1 минути читање

Долго траеше сагата со Александар Исак кој на крајот се пресели во Ливерпул, а клубот од „Сент Џејмс Парк“ инкасираше 144 милиони евра, сума што е британски рекорд.

Но, денеска тема на Островот е начинот на кој Њукасл се прости од својот најдобар фудбалер. Клубот во краткото соопштение не се заблагодари на Швеѓанецот и дури не напиша колку погодоци постигна Исак во нивниот дрес.

„Њукасл објавува дека Александар Исак е продаден во Ливерпул во рекорден британски транфер. Шведскиот репрезентативец се придружи на тимот од Реал Сосиедад во 2022 година и запиша 109 астапи во сите натпреварувања“, гласи соопшението.

Во споменатите 109 настапи, Исак за Њукасл постигна 62 гола. Исто така тој беше херој за тимот и со својот гол во финалето од Карабао купот помогна Њукасл да освои трофеј по 56 години чекање.

Сепак, на крајот поради инсистирањето да замине влезе во конфликт и не доби ниту едно „благодарам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×