Манчестер сити се пофали со Донарума: Го имаме еден од најдобрите голмани во светот! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Манчестер сити и официјално го потврди ангажманот на Џанлуиџи Донарума за кого според медиумите ќе плати сума од околу 35 милиони евра.

Италијанскиот чувар на мрежата со „граѓаните“ стави потпис на договор до 2030 година и би можел да биде одлично засилување со оглед на тоа дека има 26 години.

Во Манчестер сити се пресреќни поради ангажманот на голман како Донарума и веруваат дека тој ќе им донесе дополнителен квалитет.

„Успехот низ кариерата зборува ам за себе за Донарума и ние сме воодушевени што ќе ни се придружи. Од најрана возраст започна да брани на највисоко ниво и тоа е навистина реткост за голман и го прави еден од најдобрите во светот. Нема дилеми дека ќе донесе дополнителен квалитет. Сите сме возбудени и му посакуваме добредојде“, изјави спортскиот директор на Манчестер сити, Хуго Вијана.

Со кратка порака до фановите се огласи и Донарума преку социјалните мрежи на Манчестер сити. Во гигантот од „Етихад“, Донарума пристигнува по сезоната во која ја освои Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×