Во текот на летниот преоден рок Жозе Мурињо го критикуваше раководството за бавниот пристап кога се засилувањата во прашање, Фенербахче играше мечеви за пласман во Лигата на шампионите, а тимот не се засилуваше.
Во тој период Фенербахче се поврзуваше со повеќе играчи меѓу кои со Артукоглу и Асенсио. Овие двајца, како и уште неколку, турскиот клуб ги донесе откако испадна од плејофот во Лигата на шампионите и му даде отказ на Мурињо.
Лошото работење на клубот најдобро се гледа од ситуацијата со трансферот на Артукоглу. Иако се знаеше дека тој е на работ на премин во Фенер, турскиот клуб не си ја заврши навреме работата, па Артукоглу како играч на Бенфика му даде гол на Фенербахче и го елиминираше од Лигата на шампионите.
Два дена откако го елиминираше Фенер, потпиша за овој тим. Тоа е еден од најироничните моменти во историјата на преодните рокови.
Ситуацијата со Асенсио е слична, Мурињо го бараше да му го донесат пред натпреварите за пласман во Лигата на шампионите, тие го купија откако се беше завршено.
Покрај овие двајца Фенер договори уште неколку засилувања, пред се голманот на Манчестер Сити, Едерсон кој во наредните денови ќе го потпише договорот.