ПСЖ победи во натпревар со девет гола: Невеш двапати стрелаше со „ножички“ во седум минути! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Пари Сен Жермен вечерва славеа убедлива победа над Тулуз со 3-6, а овој натпревар посебно се истакна Жоао Невеш.

Невеш постигна три од шесте гола, а два од нив беа со „ножички“. Резултатот на акробатски начин го отвори уште во седмата минута за само седум минути подоцна на сличен начин уште еднаш да ја погоди мрежата. Претходно погоди и Баркола.

По половина часс ПСЖ веќе постигна и четврти гол, благодарение на Дембеле кој реализираше најстрога казна.

Се играше 37-та минута кога Кресвел намали на 1-4. Истиот фудбалер во финишот не реализираше и пенал.

Во вториот дел ПСЖ преку Дембеле повторно од пенал зголеми на 1-5, додека за 1-6 се погрижи Невеш со комплетирањето на хет-трик. Во самата завршница Тулуз преку Гбохо и Воса намали 3-6.

За ПСЖ оваа е трет триумф од почетокот на првенството, претходно минимално славеше во дуелите со Нант и Анже.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×