Наполи во 95. минута го скрши Каљари, Суле херој на Рома (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Рома ја запишаа и втората победа во Серија А во исто толку натпревари и тоа повторно со минимални 1-0, сега против новајлијата Писа.

Домаќините се прикажаа во солидно светло и долго време одолеваа на нападите на „волчицата“, а одлучувачкиот момент се случи во 55 минута кога Суле ја погоди мрежата на противникот за 0-1. Многу брзо само шест минути подоцна истиот фудбалер и уште еднаш ја затресе мрежата, но тој гол беше поништен поради недозволена позиција.

Втор триумф запиша и Наполи, откако го совлада Каљари со истиот резултат. Сепак, домаќините до трите бода дојдоа многу потешко од очекуваното.

Дури во петтата минута од судискоо продолжение Наполи успеа да го скрши отпорот на Каљари и тоа преку Ангуиса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×