Утринава Фенербахче соопшти дека се разделува со Жозе Мурињо, отказот за Португалецот следува по поразот од Бенфика по кој турскиот тим не успеа да влезе во лигашката фаза од Лигата на шампионите.
Жозе Мурињо во последно време постојано го критикуваше раководството на Фенербахче поради тоа што не му донесе соодветни засилувања. Португалецот велеше дека клубот се однесува како да не сака да игра во Лигата на шампионите.
Неговиот однос кон раководството заедно со елиминацијата во плејофот од Бенфика, му кумуваше на отказот.
„Се разделивме со Жозе Мурињо кој беше тренер на нашиот тим од сезоната 2024-25. Му благодариме за работата во нашиот тим и му посакуваме успех во иднина“, стои во соопштението на Фенербахче.