Македонскиот шампион, Шкендија со 4-1 загуби на гостувањето кај Лудогорец по 120 минути игра, и со вкупни 5-3 е елиминиран од квалификациите во Лига Европа, па ќе продолжи во Конференциската лига.
Во првото полувреме Лудогорец имаше голема доминација, Шкендија изгледаше инфериорно.
Резултатот беше отворен во 9. минута кога Куртулус даде гол за водство на бугарскиот тим од 1-0.
Во 24. минута Чочев зголеми на 2-0. Тоа беше резултатот по првото полувреме.
Шкендија се покажа во многу подобро издание во вториот дел кога тие беа подобриот противник на теренот.
Во 64. минута по асистенција од Ибраими, Тамба даде гол за 2-1. Со тоа беше израмнет конечниот резултат.
Пред самиот крај на регуларните 90 минути, Тамба имаше огромна шанса да ја однесе Шкендија во лигашкиот дел од Лига Европа, но од идеална прилика биеше со лоб крај голот на Лудогорец.
Во продолженијата Лудогорец беше подобар. Во 98. минута Текпетеј даде гол за предност на Лудогорец од 3-1.
Шкендија се обидуваше да даде гол и да го однесе мечот во пенал серија, Ќака имаше одлична прилика, но голманот на Лудогорец одбрани.
Во 122. минута Бил даде гол и ги постави конечните 4-1.
Лудогорец оди во Лига Европа, а Шкендија во Конференциската лига. Ждрепката е утре.