Два гола на Мбапе, еден на Винисиус за три нови бода за Реал Мадрид! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид со 3-0 славеше на гостувањето кај Овиедо, играч на мечот беше Килијан Мбапе кој ги постигна два погодоци, еднаш погоди Винисиус.

Кралскиот клуб напаѓаше од првата минута, Овиедо одлично се бранеше. Но бедемот на домаќините беше скршен во 37. минута кога по асистенција од Ѓулер, Мбапе даде гол за водство на Реал од 1-0.

Во вториот дел падна нивото на Реал Мадрид, Овиедо играше се подобро и подобро. Домаќините имаа статива во 82. минута, а веќе во следната Мбапе го даде и вториот гол за водство од 2-0.

Конечниот резултат од 3-0 го постави Винисиус со погодок во третата минута од судиското продолжение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×