Дебакл на Лајпциг во Минхен: Баерн фуриозно тргна во сезоната! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Уште на стартот од сезоната, Баерн Минхен демонстрираше сила и на свој терен славеше над Лајпциг со убедливи 6-0.

Избраниците на Венсан Компани уште во првото полувреме ја завршија целата работа. Во 27. минута Олис го отвори резултатот, а само пет минути подоцна новото засилување Луис Дијаз зголеми на 2:0. Пред паузата Олис уште еднаш погоди за високи 3:0.

Вториот го обележа Хари Кејн кој со хет-трик ги постави конечните 6:0, а за два од неговите голови, асистент беше Луис Дијаз.

Во редовите нај Лајпциг вечерва го немаше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој според најавите е блиску до заминување од клубот пред крајот на преодниот рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×