Англиски клуб има казни за сè – фудбалерите ќе платат 1.000 евра ако останат дома и не се забавуваат!

by Стефан
1 минути читање

Во последниве денови на социјалните мрежи кружи интересна листа со казни што важат за фудбалерите на Мидлсброу, а некои од нив изгледаат и повеќе од необични.

Правилата се строги и опфаќаат сè, од дисциплина и редовност, па сè до детали како родендени и навики во соблекувалната. Така, играч кој ќе заборави да донесе торта за својот роденден ќе мора да плати казна, исто како и оној што ќе уринира под туш.

Најстрога е ставката за доцнење. Основната казна изнесува 577 евра, на што се додаваат уште 30 евра за секоја минута задоцнување на натпревар. Тоа значи дека половина час „доцнење“ може да чини и околу 1.500 евра. За состанок казната е идентична 577 евра, но таму минута се наплаќа 20 евра, додека доцнењето на тренинг носи глоба од 200 евра плус 20 евра за минута.

Играчите мораат да ги подмират казните во рок од пет дена, во спротивно сумата автоматски, двојно се зголемува. За „помали“ прекршоци, како оставање неред на масата по ручек, пропуштање на теретана или поместување на маса за билијард, цената е 100 евра.

Посебно интересна е точката која предвидува глоба од дури 1.000 евра ако некој фудбалер го прескокне тимското вечерно излегување, обврска што очигледно клубот ја смета за дел од колективниот дух.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×