Маркус Рашфорд е задоволен од неговиот старт во Барселона и цели кон сите трофеи во сезоната.
Англичанецот си ја намали и платата само за да дојде во Барселона, тој против Мајорка веќе го имаше своето деби во Ла Лига.
„Задоволен сум од стартот, од одиграното против Мајорка, но како ќе одминува времето така ќе бидам подобар“, вели Рашфорд.
„Барселона е местото каде е најлесно да се ужива и да се учи фудбал“.
Рашфорд во Барса обично е на клупата и влегува во текот на второто полувреме.
„Тоа е ново за мене, но целта е иста, да се добие мечот. Малку е потешко кога ќе влезете од клуpата бидејќи не сте влегле во ритамот на мечот“.
„Дали може да ја освоиме Лигата на шампионите? Секако. Не само Лигата на шампионите, туку се. Тие веќе имаа одлична сезона минатата година. Сега треба да заборавиме на тоа и да се обидеме да го повториме и да го надградиме“.
Рашфорд има големи зборови за Ханси Флик.
„Тој е многу директен тренер. Тоа е важно, особено со толку многу млади фудбалери во тимот каде што насоката мора да биде јасна. Неговата мотивација е многу висока ова да биде уште подобра сезона од минатата. Тоа е главната причина да веруваш дека овој тим ќе успее. Тој е посебен тренер“.