Интер Мајами загуби со убедливи 4-1 на гостувањето кај Орландо Сити, Меси не настапи на овој дуел, но играа сите други ѕвезди.
Меси поради повредане во комбинација за овој дуел, но играа Алба, Де Пол, Бускетс, Суарез…
По само пет минути игра веќе беше 1-1. Муриел донесе водство за Орландо уште во втората минута, а Брајт погоди три минути подоцна за 1-1. Тоа беше резултатот од првото полувреме.
По пет минути игра во второто полувреме Муриел пак даде гол, му донесе ново водство на Орландо, овојпат од 2-1.
Осум минути подоцна Оједа даде гол за 3-1, а точка на мечот стави Пашалиќ со гол во 88. минута поставувајќи ги конечните 4-1.