Тензијата заврши: Тер Штеген го потпиша документот, Барса му ја врати капитенската лента

by riste
1 минути читање

Барселона и Тер Штеген ги закопаа секирите, германскиот голман конечно го потпиша медицинскиот извештај, а клубот му ја врати капитенската лента.

Неколку дена имаше големи тензии на релација Барселона – Тер Штеген. Голманот кој е во аут поради повреда, не сакаше да го потпише медицинскиот извештај со кој клубот ќе можеше да регистрира друг играч на негово место.

Поради тоа Барселона му ја одзема и капитенската лента, но работите се вратија во нормала.

Барселона потврди дека Тер Штеген го потпишал документот кој треба да биде пратен во Ла Лига.

Тој повторно е капитен, но тешко дека ќе заигра и кога ќе биде здрав бидејќи веќе важи за трет голман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×