Официјално: Наполи се засили со хит-напаѓачот од Удинезе

by 24 фудбал
1 минути читање

Наполи го официјализираше ангажманот на Лоренцо Лука, кој пристигнува од Удинезе на едногодишна позајмица со обврска за откуп на крајот од сезоната. „Партенопеите“ на својот веб-сајт потврдија дека договорот е веќе потпишан и дека италијанскиот напаѓач ќе биде дел од напаѓачката линија во новата сезона.

Удинезе за трансферот ќе добие 9 милиони евра за позајмица, а потоа ќе има обврска да го откупи договорот за 26 милиони евра. Исто така, Наполи ќе треба да исплати и 5 милиони евра на име на бонуси.

Лука има 24 години, а минатата сезона одигра 36 натпревари за Удинезе и постигна 14 гола во сите конкуренции. Претходно настапуваше и за Виченца, Палермо, Пиза и Ајакс, а запиша и пет настапи за сениорската селекција на Италија.

Наполи, кој ја брани титулата од Серија А, ќе ја отвори новата сезона на 23 август со дуел против Сасуоло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×