75
Поранешниот фудбалер Андрес Иниеста кој неодамна објави дека се повлекува од професионалното играње фудбал сега стана сопственик на клуб од Данска.
Со својата компанија Иниеста ќе раководи со клубот, Хелсингер. Во изјава за данските медиуми, Иниеста ја потврди информацијата.
„Започнавме да соработуваме со Хелсингер бидејќи тоа е неверојатно возбудлив клуб со одлична инфраструктура, тука работат многу добри луѓе и тоа носи потенцијал да станеме важен дел во данскиот шамоионат“, изјави Иниеста.
Компенијата на Иниеста „Никогаш не кажувај никогаш“ се занимава со маркетинг и консултантски услуги.