Бизнис лига: Дуото Тодоровски-Новоаковски го водеа Макпетрол до победа над ЕЛЕМ

by riste
6 минути читање

ЕЛЕМ 3-5(2-2) Макпетрол

ЕЛЕМ : Лидрон Кадриу 11”, Тихомир Груевски 14”, Синиша Ковачевиќ 24”

Макпетрол : Горан Новаковски 7” 39”, Филип Митков 13”, Блаже Тодоровски 26” 27”,

Исклучително израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЕЛМ и Макпетрол. Во текот на целото прво полувреме се играше отворен фудбал и на двете страни. Екипата на ЕЛЕМ уште на самиот почеток настапи со голман-играч со цел да го изненади противникот. Макпетрол беше присебен пред се во делот на одбраната и одлично ги затвораше приодите кон сопствениот гол. Прва до водство дојде екипата на Макпетрол во 7” преку Новаковски, по што следеше одговор од страна на Катриу кој израмни на 1-1. Во средината на првото полувреме Митков кај Макпетрол успеа да постигне гол за водство од 1-2, но Груевски преку контра напад успеа да го изненади голманот на Макпетрол па израмни на 2-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полуврем и двете екипи продолжиа во ист ритам. На двете страни се играше во високо темпо пред се во делот на нападот каде што екипите преку одлично изработени акции се обидуваа да дојдат до отворени шанси за гол. Во самиот финиш од натпревароот екипата на Макпетрол имаше водство од 3-4, во тие моменти ЕЛЕМ се обидуваше да го израмни резултатот но Горан Новаковски кај Макпетрол беше присебен и со гол стави точка на Натпреварот. Со што ја запечати победата на Макпетрол што изнесуваше 3-5.

Гранит во висок ритам до победа над А1

А1 4-7(0-3) Гранит

А1: Фати Јахи 27”, Стефан Петровски 29”, Ненад Трајков 29”, Давид Деловски 39”

Гранит: Николче Глигуровски 2” 11” 35”, Емил Никочевиќ 14”, Виктор Нацев 24”, Мартин Фотевски 32” 28”

И двете екипи ја започнаа утакмицата со своите стандардни постави. Екипата на Гранит уште во раната фаза од натпреварот успеа да дојде до водство преку Глигуровски кој стрелаше во 2” и во 11” за водство над А1 од 0-2. Екипата на А1 се обидуваше да најде против игра за вечерва расположениот Гранит како би можела да го намали водството, но Гранит продолжи во ист ритам и во втората половина од првото полувреме 14” преку Никочевиќ поведе со 0-3, резултат со кој се отиде на полувремето.
Екипата на А1 со голман–играч одлично го отвори второто полувреме, пред се во делот на нападот каде што со одлична реализација успеа да стигне до негатива од 1 гол при резултат 3-4. Екипата на Гранит набрзо успеа да ги консолидира своите редови, и целосно да го врати водството од првото полувреме. А1 со чести измени се обидуваше да држи висок ритам но Гранит не подпадна на притисокот и го доби овој натпревар со 4-7.

Масевски со хет-трик му донесе победа на ВДЛ Ван Хоол во дуелот со Џонсон Мети

Џонсон Мети 2-5(1-1) ВДЛ Ван Хоол

Џонсон Мети: Дарко Ѓурчиновски 13” 22”

ВДЛ Ван Хоол: Давид Масевски 9” 29” 39”, Александар Наумовски 21”, Живе Ѓорѓиевски 38”

Натпреварот помеѓу Џонсон Мети и ВДЛ Ван Хоол го отвори екипата на ВДЛ Ван Хоол кога во 9” преку Масевски успеа да дојде до водство од 0-1. Во тие моменти екипата на Џонсон Мети успеа да се постави добро во делот на нападот и со контролирана игра преку Ѓурчиновски во 13” да го израмни резултатот на 1-1. Во понатамошниот дел од натпреварот и двете екипи играа егал, на двете страни се водеше рамноправна борба во која ниедна од екипите со гол не успеа да премине во водство, па на полувремето се замина со израмнет резултат 1-1.
Во второто полувреме екипата на ВДЛ Ван Хоол направи притисок во предно поле со што ја разниша одбраната на Зонсон Мети. Ваквата игра на ВДЛ Ван Хоол создаде многу шанси за гол кои ВДЛ Ван Хоол успеа да ги искористи и направи резултатска предност. Џонсон Мети се обиде да го намали водството но ВДЛ Ван Хоол во своите редови го имаше расположениот Масевски кој натпреварот го заврши со хет-трик и му донесе победа на ВДЛ Ван Хоол од 2-5.

Симјановски со маестрана игра ја водеше Стопанска Банка до победа над Леар

Стопанска Банка 7-6(1-5) Леар

Стопанска Банка: Дарко Симјановски 13” 24” 30” 34” 40”, Дејан Ангеловски 27”, Горан Дековски 29”

Леар : Робертино Златевски 10” 16” 20” 20”, Борче Ристевски 15”, Марјан Ѓорѓиевски 36”

Натпреварот помеѓу екипите на Стопанска Банка и Леар започна со офанзивна игра на двете страни. И двете екипи максимално мотивирано со целосен фокус влегоа во овој натпревар. Првото полувреме одлично го отвори екипата на Леар благодареније на одличната игра на Златевски кој играше маестрално во текот на целото прво полувреме, во кое успеа да постигне 4 голе. Екипата на Стопанска Банка немаше решение за него во првото полувреме иако се обидуваше со цврста одбрана да не му даде простор за игра. На крајот Леар успеа на полувремето да оди со високи 5-1.
Во второто полувреме екипата на Стопанска Банка во своите редови внесе голман-играч како би можела да го изненади Леар. Ваквата поставеност вроди со плод кај Стопанска Банка, во овие моменти Симјановски одигра брилијантно, имаше одлична реализација и со дури 4 гола ја врати Стопанска Банка целосно во натпреварот. Во втората половина од второто полувреме и двете екипи влегоа во егал натпревар во кој резултатот беше израмнет на 6-6. Во финишот од натпреварот повторно блесна Симјановски кој беше незадржлив и постигна гол кој му донесе победа на Стопанска Банка од 7-6.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани