Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина ги објави цените на билетите за пријателскиот натпревар против Македонија, кој ќе се одигра на 29 мај на стадионот „Кошево“, како дел од подготовките на репрезентацијата за настап на Светското првенство.
Сепак, одлуката предизвика незадоволство кај навивачите. Наместо очекуваната поддршка и полни трибини, јавноста реагира бурно на ценовникот. Билетите се поделени во три категории и чинат 15, 20 и 25 евра и за голем број од навивачите овие цени се превисоки.
Продажбата треба да започне следната недела, а од Федерацијата информираат дека секој купувач ќе може да набави најмногу по два билета.
На социјалните мрежи веќе се редат критики бидејќи се смета дека цените требало да бидат симболични, до пет евра, и обвинуваат дека ваквата одлука претставува „грабеж“ наместо поттик за поддршка на националниот тим.
