45
Викендов беа одиграни натпреварите од 27. коло во ПМФЛ, а за гол на колото од средбите кои се играа за викендот ибзорот падна на победничкиот гол од скопското дерби помеѓу Вардар и Работнички.
Херој на вардарци во тој дуел беше српскиот напаѓач, Стефан Цветковиќ кој по 20-тина минути игра мајсторски изведе еден слободен удар и успеа да го матира противничкиот чувар на мрежата. Тој гол беше и единствен, па Вардар ги освои важните три бода во борбата за титулата.