„Топчиите“ сакаат летоска да донесат нов напаѓач, Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид е на врвот од листата со желби, и за реализирање на еден ваков трансфер, Арсенал е подготвен да ги продадат Каи Хаверц и Габриел Жесус.
Во Северен Лондон минатото лето пристигна Виктор Ѓокереш, се очекуваше ангажманот на Швеѓанецот да ги реши проблемите во форот, но Арсенал повторно се мачи пред противничкиот гол.
Па Микел Артета сака летоска да донесе ново засилување за нападот и на врвот на листата со желби е Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид.
Се споменува сума од 120 милиони евра, а за да се финансира еден ваков трансфер, „топчиите“ се подготвени да ги продадат Каи Хаверц и Габриел Жесус.
Хулијан Алварез, кој е поранешен фудбалер на Манчестер Сити, се наоѓа и на радарот на Барселона.