261
Фудбалската јавност е во шок по веста дека поранешниот австриски репрезентативен голман Александер Манингер трагично го загубил животот на 48 годишна возраст.
Според информациите од Австрија, несреќата се случила во Салцбург. Манингер бил дел од сообраќајна незгода во која учествувале автомобил и локална железница.
Манингер важеше за реномиран голман со богата интернационална кариера. Фудбалскиот пат го започна токму во Салцбург, а го заврши во Ливерпул во сезоната 2016/17 како резервна опција на голот. Во текот на кариерата бранеше за големи европски клубови како Арсенал, Фиорентина, Еспањол, Торино, Болоња, Сиена, Удинезе и Јувентус.
За репрезентацијата на Австрија запиша 33 настапи.