Голема трагедија ја потресе Австрија откако во Салцбург животот го загуби поранешниот голман на Арсенал, Алекс Манингер.
Според австриските медиуми, несреќата се случила кога Манингер се обидел да помине преку неозначен железнички премин, при што во неговото возило со голема брзина удрил воз кој налетал од десната страна.
По силниот удар, автомобилот бил оттурнат и се движел по шините околу сто метри пред да запре.