Оливие Жиру во зимскиот
јануарски преоден рок ги напушти редовите на Арсенал и се пресели во Челси,
откако стана јасно дека за него покрај Лаказет и Обамејанг нема место во
составот на Топчиите.
Сепак, искусниот
француски напаѓач открива еден интересен детал за тоа како го ставил под
притисок неговиот сонародник и тренер на Арсенал, Арсен Венгер за да го реши
неговиот статус, а притоа и му истакнал колку му е важно да го види на
Светското првенство во Русија на лето.
„Го поставив под
притисок, исто како и мојот агент, со кого разговарав неколку пати во текот на
деновите, тоа е нормално. Не сакав да бидам приморан да заминам во Челси, што
воедно беше најдобрата опција за мене“ рече Жиру.
„Тренерот ми рече: Не грижи се, ќе го сторам најдоброто за да бидеш среќен. Од
една страна тоа беше нормално, јас никогаш не побарав да си заминам“ издвои
францускиот напаѓач.
„Од друга страна пак,
знаев дека тој нема да прави проблеми со оглед на односот кој го имавме. Тој
дури и ми рече дека би збеснал доколку не се најдам на Мундијалот во Русија“
додаде Жиру.