Реал Мадрид потешко од
очекувањата избори пласман во финалето од Светското клупско првенство откако со
пресврт од 2-1 славеше над Ал Џизира.
На Кралевите едноставно
не им одеше од рака во нападот, а посебно се издвои Карим Бензема, во негативна
конотација, неговите промашувања доволно говорат за неговото издание вечерва…
Ситуацијата за шпанскиот
и европски првак ја спасуваше Герет Бејл кој
само што влезе во игра токму на местото на Бензема, погоди за победа за
својот тим.
Интересно гледиште за изданието на Бензема имаше неговиот сонародник, шефот на стручниот штаб на тимот од Мадрид.
„Бензема? Тој беше многу
добар и нема да побарам од клубот да донесе нов напаѓач“ изјави по мечот,
францускиот стратег од клупата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој додаде дека
Бензема имал добар натпревар, но едноставно топката не сакала да влезе во голот
на противникот.