„Затоа многу го ценам сумо борењето” – Венгер со необичен коментар му даде поддршка на Мурињо

by
2 минути читање

Случувањата по
финишот на дербито на Манчестер се топ тема низ медиумите од Англија и ширум
светот.

Жозе Мурињо
влегол во гостинската соблекувална да замери за прегласната прослава,
„Специјалниот“ барал противникот да покаже малку повеќе почит, но наместо тоа
настанала мешаница во која летале боксови и шишиња со вода.

Самиот Арсен
Венгер беше инвовлиран во сличен инцидент исто така на Олд Трафорд, кога Секс
Фабрегас го гаѓаше Сер Алекс Фергусон со пица пред повеќе од десет години.

„Прочитав што се
случувало, вакви инциденти знаат да се случат на големи дерби натпревари.
Знаете што, вие новинарите ја подгревата атмосферата, правите како тоа да е
живот или смрт, и кога ќе се случи нешто вакво се чудите
– вели менаџерот на Арсенал.

„Важноста на натпреварот
си го прави своето. Понекогаш работите можат да излезат од контрола, ни се има
случено и на нас. Јас сакам играчите да дадат 100% или 200% на теренот, и потоа
да бидат ангели“.

„Не знам што
точно се случило, тешко се поднесува пораз на голем натпревар, па уште и да
гледате како слави противникот, од искуство знам дека може да биде малку
навредливо
.

„Затоа многу го
ценам сумо борењето во Јапонија, бидејќи борачот кој ќе победи не покажува дека
е среќен од почит кон противникот
.

„Дали може да ја
применуваме оваа пракса? Не би рекол, тоа не е дел од нашата култура
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани