Врачот од Гана кој му фрли клетва на Кејн вели дека веќе го видел новиот шампион: Ова СП е за Роналдо и Португалија

by bojan
1 минути читање

Нана Кваку Бонсам, врачот од Гана кој велеше дека му фрлил клетва на Хари Кејн, вели „јасно“ видел кој ќе биде новиот светски шампион, Кристијано Роналдо и Португалија ќе триумфираат на мундијалот во САД.

Нана Кваку Бонсам оваа недела се најде во фокусот на јавноста откако во пресрет на пресметката помеѓу Англија и Гана изјави дека му фрлил клетва на Хари Кејн.

Напаѓачот промаши ѕицер од пет метри, „трите лава“ одиграа само 0-0 против Гана, па врачот одлучи дека неговата работа е завршена, и вчера ја тргна клетвата од Англичанецот.

Тој сега откри повеќе работи поврзани со неговите активности и Светското првенство, изјави дека „јасно“ видел кој ќе биде новиот шампион.

 „Ова Светско првенство му припаѓа на Кристијано Роналдо и Португалија!“ – вели нана Кваку Бонсам.

Нана Кваку Бонсам исто така се извини до Турција, тврдејќи дека по грешка испратил „негативна енергија“ кон момците на Монтела, кои целосно потфрлија и по само два натпреварии знаеаја дека ќе си ги пакуваат куферите.

Според неговото објаснување, тој подготвувал ритуал наменет за противникот на Гана на Светското првенство, но работите тргнале наопаку кога неговиот помошник случајно ја поместил мапата.

„Тоа беше голема грешка. Магијата беше наменета за друг тим, но поради несреќен сплет на околности енергијата заврши насочена кон Турција“ – изјавил Бонсам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×