80
Медиумите од „островото“ пренесуваат дека вработени во Арсенал се бесни откако им било кажано дека од сопствен џеб ќе треба да платат околу 850 фунти за да патуваат во Будимпешта и финалето во Лигата на шампиони.
„Топчиите“ по 20 години пауза ќе играат финале во Лигата на шампиони, во Будимпешта ќе се сретне со ПСЖ.
Како што пренесува Телеграф, вработените во Арсенал се бесни откако им било кажано дека од сопствен џен ќе треба да платат околу 850 фунти за да присуствуваат на завршницата од најелитното европско натпреварување.
Само за споредба, ПСЖ потврди дека клубот во целост ќе ги подмири сите трошоци за своите 500 вработени да го гледаат спектаклот во Будимпешта.