Од европската куќа на
фудбалот соопштија дека инспектори на УЕФА кои се бават со истрага во улогата
на челните лица на албанскиот првак Скендербег во местењето натпревари од
квалификациите за Лигата на шампионите, како и натпревари во Лига Европа,
добиле закани по своите животи.
„Инспектори на
Дисциплинската комисија кои работат на овој случај добија анонимни закани по
своите животи, се претпоставува дека се работи за спречување на нивната работа
со која се бават. Тие закани нема да донесат резултати, а за истите ќе биде
известена и полицијата“ соопштија од УЕФА.
Сево ова доаѓа по само
два дена откако беше објавен документ од страна на УЕФА кој стигна и до
канцелариите на Скендербег за тоа дека истиот клуб се соочува со суспензија од
десет години во сите европски натпреварувања, како и еден милион евра парична
казна поради местење на натпревари.