33-годишниот капитен на Баерн Минхен, Филип Лам информираше дека ја завршува фудбалската кариера по крајот на оваа сезона.
Одлука која беше изненадувачка за фановите, но и за раководството на Баерн Минхен.
„Баерн Минхен е изненаден од настапот на Филип Лам и неговиот советник“ – стои во соопштението Румениге.
„Ули Хенес и јас имавме отворени, интензивни и конструктивни разговори со Филип во изминатите месеци за позицијата спортски директор во клубот. На крајот од минатата недела тој не информираше дека нема да ја прифати таа позиција и дека ова лето сака да го раскине договорот кој му истекува во јуни 2018“.
„До вторникот мислевме дека ќе имаме заедничко соопштение за одлуката на Филип Лам, тој и Баерн Минхен“.
„Филип Лам е важен играч за Баерн Минхен преку една деценија. Ние сме уверени дека нашиот капитен комплетно ќе се фокусира на тимот во наредните предизвици во Бундеслигата, Лигата на шампионите и Купот. Сакаме да ставиме јасно дознаење дека вратата за Филип во Баерн Минхен е секогаш отворена“.
Своето мислење го кажа и претседателот Ули Хенес.
„Вратата за Филип Лам е секогаш отворена, можам да замислам дека тој еден ден ќе работи во Баерн“ – вели Хенес.
„Филип ја заслужува сета наша почит. Не сме разочарани од неговата одлука, само сме изненадени“.