Таков е модерниот фудбал: Салах прифатил трансфер, неговиот менаџер му го расипал?

by Стефан
1 минути читање

Трансферот на Мохамед Салах во Бешикташ, кој пред неколку дена изгледаше како речиси завршена работа, сега се најде под знак прашалник поради спор околу финансиските услови.

Според информациите од Турција, двете страни биле блиску до договор, а египетската ѕвезда дури и разговарала со тренерот и спортскиот директор на клубот и дала зелено светло за преселба во Истанбул.

Сепак, ситуацијата се искомплицирала откако агентот на Салах побарал лична провизија од дури 35 проценти од трансферот. Ова барање, според првиот човек на Бешикташ, Сердал Адали, е неприфатливо за клубот и може да го спречи реализирањето на зделката.

„Мохамед Салах разговараше со Винченцо Италијано и со нашиот спортски директор и го прифати трансферот. Но, штом во јавноста излегоа информациите дека договорот е постигнат, неговиот агент ги зголеми барањата и ја подигна провизијата на неверојатни 35 отсто“, изјави Адали.

Тој додаде дека клубот не може да прифати такви услови и дека не верува оти самиот Салах е целосно запознаен со висината на барањата.

„Од наша гледна точка, ваков процент не е прифатлив под никакви услови. Не мислиме дека ниту Салах е свесен за овие бројки“, порача претседателот на Бешикташ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×