Ибрахимовиќ: Не ги разбирам Шпанците, само гледаа како некој го удира нивниот соиграч

by Стефан
1 минути читање

Големи тензии го одбележаа крајот на финалето на Светското првенство, во кое Шпанија со минимални 1:0 ја совлада Аргентина и ја освои светската титула. Веднаш по последниот судиски свиреж, на теренот изби жестока мешаница во која учествуваа повеќе фудбалери од двете селекции.

Во центарот на инцидентот се најде аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес, кој влезе во физичка пресметка со Ерик Гарсија. Во обид да го смири конфликтот се вмеша и Гави, но Паредес најпрво го фати Гарсија за врат, а потоа го оттурна и младиот шпански репрезентативец.

Коментар во својо стил за овие случувања даде и Златан Ибрахимовиќ.

„Треба да биде среќен што на теренот немаше играч како мене. Да бев таму, ќе го удрев со глава и самиот ќе добиев црвен картон. Тоа е крајно непрофесионално. Не разбирам што правеа шпанските играчи, само гледаа како некој го удира нивниот соиграч“, изјави Ибрахимовиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×