Реал Мадрид тргна по потписот на еден од најбараните млади фудбалери во Европа, Јан Диоманде, но првиот обид на шпанскиот гигант не донесе успех.
„Кралевите“ веќе испратиле официјална понуда до РБ Лајпциг во висина од 100 милиони евра за 19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска. Понудата вклучува 90 милиони евра како фиксна отштета и уште 10 милиони преку различни бонуси.
Сепак, германскиот клуб не бил подготвен да ја прифати таа сума. Од Лајпциг сметаат дека Диоманде вреди повеќе и очекуваат понуда од околу 120 милиони евра за да дадат зелено светло за трансферот. И покрај првичното „не“, разговорите меѓу двата клуба продолжуваат и во наредните денови се очекуваат нови контакти со цел да се најде заеднички јазик.
Интересот за младиот офанзивец не доаѓа само од Мадрид. Во трката за неговиот потпис подолго време е вклучен и ПСЖ, но ниту францускиот шампион досега не успеал да постигне договор со РБ Лајпциг.