Турските гиганти продолжуваат со спектакуларниот летен преоден рок и се подготвуваат да донесат уште неколку звучни засилувања, со што Суперлигата добива сè поголемо внимание.
Најголемото име кое е на чекор до преселба во Турција е Мохамед Салах. Египетскиот ас постигнал договор со Бешикташ, каде што ќе заработува 13 милиони евра по сезона. Салах вечерва се очекува да пристигне во Истанбул, каде што ќе ги мине задолжителните медицински прегледи, по што треба и официјално да го потпише договорот со новиот клуб.
Во меѓувреме, турските медиуми тврдат дека и трансферот на Рафаел Леао од Милан во Фенербахче е во завршна фаза и наскоро би можел да биде комплетиран.
Амбициите на Бешикташ не завршуваат тука. Клубот сериозно работи и на ангажманот на Душан Влаховиќ, а според различни извори српскиот напаѓач би можел да заработува меѓу 8 и 12 милиони евра годишно, покрај дополнителни бонуси и богат бонус за потпис кој би изнесувал околу 20 милиони евра.