Саудискиот гигант Ал Хилал го потврди ангажманот на Крисенсио Самервил, кој потпиша четиригодишен договор и го напушти Вест Хем.
Според „Скај“, трансферот е вреден 55 милиони фунти, а со бонусите може да достигне до 60 милиони. Ова е трет најголем излезен трансфер во историјата на лондонскиот клуб, по Деклан Рајс и Матеуш Фернандеш.
За 24-годишниот холандски репрезентативец интерес покажуваа и Рома и Манчестер Јунајтед, но ниту еден од двата клуба не испрати понуда што ќе ги задоволи барањата на Вест Хем. „Чеканите“, кои оваа сезона ќе настапуваат во Чемпионшип, само од продажбата на Самервил и Фернандеш инкасираа повеќе од 150 милиони фунти.
Самервил минатата сезона одигра 34 натпревари за Вест Хем, постигна седум голови и запиша пет асистенции, а на Светското првенство 2026 за Холандија постигна два гола и забележа две асистенции.