Почетокот на финалето вечерва може да биде одложен!

by Стефан
1 минути читање

Големото финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, кое е закажано за вечерва од 21:00 часот во Њујорк, би можело да започне со задоцнување поради лошите временски услови што го погодија регионот.

Во изминатите часови силно невреме проследено со обилни врнежи предизвика сериозни поплави и сообраќаен хаос, па сè почесто се шпекулира дека организаторите би можеле да го одложат почетокот на натпреварот доколку временската состојба не се стабилизира.

Подрачјето на Њујорк веќе неколку дена е зафатено од силни бури и невообичаено висока влажност на воздухот за овој период од годината. Во одредени делови од градот за само еден час наврнале меѓу 50 и 75 милиметри дожд на квадратен метар.

Големото количество врнежи за кратко време предизвика поплавување на повеќе главни сообраќајници, додека вода навлезе и во дел од метро-станиците. Поради тоа, пристигнувањето на навивачите до стадионот е значително отежнато, а неизвесноста околу навременото одигрување на финалето сè уште останува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×