Влезе во тимот место Астори, постигна гол па застана пред дресот на капитенот и го поздрави (ФОТО и ВИДЕО)

by
2 минути читање

Фиорентина
денеска го игра првиот натпревар без својот капитен кој минатата недела
трагично почина во сон пред дуелот со Удинезе.

Во 13. минута од
мечот играта беше прекината за Артемио Франки да се опрости од Давиде Астори со
громогласен аплауз. Најверните навивачи имаа подготвено специјална
кореографија, а во тие моменти почна и да врне во Фиренца, па како и небото да
се расплаче за Астори.


Судбината исто
така сакаше играчот кој влезе во стартниот состав на местото на Давиде Астори
да биде тој кој го отвори резултатот. Витор Хуго погодои по еден корнер, а
откако ја затресе мрежата, Бразилецот се упати кон клупата и прослави со маичка
на која беше ликот на капитенот. Тој потоа го поздрави Давиде Астори како што
војник го поздравува капетанот. За целиот момент да биде уште посимболичен, Витор Хуго го носи дресот со бројот 31, колку што имаше години Давиде Астори, и е обратен од бројот 13 кој го носеше капитенот


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани