Винисиус вели дека тој не е фудбалер кој бега од одговорност, само ги следи одлуките на селекторот.
Бразил доживеа елиминација од Мундијалот откако загуби од Норвешка, а еден од клучните моменти е промашениот пенал на Бруно Гимараеш кој можеби ќе го однесеше мечот во поинаков правец.
Многумина сметаа дека Винисиус требаше да го изведе пеналот, а по мечот тој беше прашан и на оваа тема.
„Одлуката да шутира Бруно беше на Анчелоти. Селекторот одлучува кој ќе ги изведува пеналите. Тој го одбра Бруно, јас никогаш не сум бил себичен, никогаш не сум сакал да бидам топ стрелец во натпреварувањето и затоа Бруно шутираше“, вели Винисиус.
„Тој ги шутира пеналите подобро од мене, затоа тренерот го одбрана него. Тоа е. Јас никогаш не бегам од одговорноста“.
„Многу луѓе ќе речат дека јас не сум сакал да го изведам, но не е така. Јас ги изведувам пеналите за Реал Мадрид кога тренерот ќе ме одбере мене“.