Долгогодишниот шеф на
стручниот штаб на Арсенал, Арсен Венгер вели дека Пеп Гвардиола имал толку
голема желба да игра за тимот од Лондон, што дури и бил во неговиот дом.
„Зборував со него во
неколку прилики, еднаш тој дојде во мојот дом бидејќи сакаше да игра за Арсенал“
открива Венгер.
Французинот ја почитува
работата на својот ривал од клупата на Манчестер Сити, за кого вели дека има
јасна визија за играта и позитивно влијание, а воедно и филозофија.
„Тој водеше одредени
исклучителни тимови и ги тренираше мошне добро. Го почитувам тоа што го прави
бидејќи има јасна визија за играта и позитивно влијание и филозофија“ вели
Венгер.
„Дури и да не победи, го
почитувам поради влијанието кое го има на натпреварот“ заклучи тој во пресрет
на нивниот меѓусебен дуел во Лига Купот на Англија.