Веќе се формираа три осминафинални парови на Мундијалот

by 24 фудбал
1 минути читање

Светското првенство полека ја добива конечната слика во нокаут фазата, а по три одиграни дена од шеснаесетфиналето веќе се познати седум патници во осминафиналето.

Меѓу најдобрите 16 селекции се пласираа Канада, Бразил, Парагвај, Мароко, Мексико, Норвешка и Франција.

Познати се и првите три осминафинални пресметки. Норвешка по триумфот од 2-1 над Брегот на Слоновата Коска ќе игра против Бразил, Франција со убедливите 3-0 ја елиминира Шведска и си закажа дуел со Парагвај, додека Канада ќе се сретне со Мароко.

Мексико со победата од 2-0 против Еквадор обезбеди место во следната рунда, каде ќе го чека подобриот од натпреварот меѓу Англија и ДР Конго.

До комплетирањето на осминафиналето остануваат уште осум натпревари:

  • САД – БиХ
  • Белгија – Сенегал
  • Аргентина – Зеленортски Острови
  • Австралија – Египет
  • Швајцарија – Алжир
  • Колумбија – Гана
  • Португалија – Хрватска
  • Шпанија – Австрија

Можно е и ова да ти се допаѓа

×