Претпоследното коло од Серија А донесе многу напнатост и нервоза, па многу од тренерите добија црвени картони.
Беше лудо на мечевите Интер – Лацио и Парма – Наполи, нероазурите пропуштија да се качат на првото место, и на двата меча се случуваа вистински драми во финишот.
Речиси во исто време, пред крајот на натпреварите тренерите на овие два натпревари добија црвени картони.
Прво беа исклучени Симоне Инзаги и Марко Барони на мечот меѓу Интер и Лацио, а брзо потоа се случи мешаница и на дуелот меѓу Парма и Наполи по која црвени добија Кристијан Киву и Антонио Конте.
Црвен картон заработи и Сержо Консеисао на мечот меѓу Рома и Милан кој росонерите го загубија со 3-1.