Вардар со „минус два“ на гости кај КуПС во реваншот од квалификациите за ЛШ

by 24 фудбал
1 минути читање

Вардар му гостува на КуПС во реваншот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак има тешка задача, бидејќи во Скопје загуби со 2-0 и сега ќе мора да брка негатива на гостински терен. За разлика од првиот натпревар, „црвено-црните“ ќе мора да бидат многу поопасни во нападот и да ги сведат грешките во одбраната на минимум доколку сакаат да останат во игра за пласман понатаму.

Финскиот шампион во реваншот влегува со голема самодоверба и дополнителна предност што веќе долго време е во натпреварувачки ритам, додека Вардар сè уште ја гради формата на стартот од сезоната. Сепак, во таборот на македонскиот претставник веруваат дека двомечот сè уште не е решен и дека со рано постигнат гол можат целосно да ја променат сликата на пресметката.

Победникот ќе обезбеди место во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, додека поразениот европскиот пат ќе го продолжи во квалификациите за Конференциската лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×