Светското првенство во САД, Канада и Мексико веќе испиша историја, откако стана најпосетениот Мундијал досега, потврди ФИФА.
За време на натпреварот меѓу Германија и Еквадор беше надминат рекордот од шампионатот во САД во 1994 година. Вкупната посетеност достигна 3.605.357 гледачи, со што беше соборена досегашната највисока бројка во историјата на Светските првенства.
До крајот на турнирот остануваат уште 48 натпревари, па се очекува новиот рекорд дополнително да биде зголемен.
ФИФА соопшти и дека просечната исполнетост на стадионите изнесува повеќе од 99 проценти, што го потврдува големиот интерес за првото Светско првенство со 48 репрезентации.