Шведски Остерсундс е
најпријатното изненадување од групната фаза во Лига Европа, екипата која заедно
со нашиот Вардар беше дел од најголемите аутсајдери, обезбеди место во
шеснаесетфиналето од второто по ранг европско клупско натпреварување.
Остерсундс за противник
во нокаут фазата го доби англискиот Премиерлигаш Арсенал, а еден податок кој е
доста интересен, вели дека шведскиот клуб не постоел кога Арсен Венгер седнал
на клупата на Арсенал.
И двете екипи имаа
интересна комуникација на социјалните мрежи, Арсенал им порача „Се гледаме
наскоро“, а Швеѓаните возвратија:
„Се гледаме на „Јамкрафт“
арената во февруари! Ве замолуваме да се осигурате дека Венгер ќе ги реши
проблемите со неговата јакна пред патувањето, ќе биде ладно во Остерсунд“
порачаа од Остерсундс.
Познато е дека долгогодишниот фудбалски стратег често мака мачи со своите јакни а поради тоа се наоѓа и на мета на потсмев кај љубителите на фудбалот…
See you at Jamtkraft Arena in february! Please make sure that Wenger has fixed his jacket before traveling, it’s going to be cold in Ostersund #vigerossaldrig pic.twitter.com/nHxPcZqLeh
— Östersunds FK (@ofk_1996) December 11, 2017